Moda kao ogledalo duše: Razgovor sa psihijatrom dr Elenom Sotiroskom
U svetu mode, često zaboravimo da odeća nije samo materijal i kroj – to je i izraz naše unutrašnje priče. O tome kako boje, oblici i stilovi utiču na naše raspoloženje i prenose poruke, razgovarali smo sa dr Elenom Sotiroskom, psihijatrom iz Ohrida, koja svoj profesionalni poziv uspešno kombinuje sa ljubavlju prema umetnosti i modi. U slobodno vreme Elena slika, istražujući svet boja i oblika, dok modu posmatra kao vid komunikacije – poruku koju prenosimo onim što nosimo. Ovo je razgovor o modi, umetnosti i ljudskoj psihi.
Ovaj tekst je dvojezičan, jer želimo da prenesemo njene odgovore u originalu, na makedonskom jeziku. Takođe, sve češće ćete na našem blogu moći da čitate tekstove na makedonskom, kojima želimo da se zahvalimo našoj brojnoj i vernoj publici iz Makedonije.
Во светот на модата, често забораваме дека облеката не е само материјал и крој – таа е и израз на нашата внатрешна приказна. За тоа како боите, формите и стиловите го обликуваат нашето расположение и пренесуваат пораки, разговаравме со д-р Елена Сотировска, психијатар кој својот професионален повик успешно го комбинира со љубовта кон уметноста и модата. Во своето слободно време, Елена слика, истражувајќи го светот на боите и формите, додека модата ја гледа како вид комуникација – порака која ја пренесуваме преку тоа што го носиме. Ова е разговор за модата, уметноста и човечката психа.
Овој текст е двојазичен, бидејќи сакаме да ги пренесеме нејзините одговори во оригинал, на македонски јазик. Исто така, сè почесто на нашиот блог ќе можете да читате текстови на македонски јазик, со кои сакаме да искажеме благодарност на нашата бројна и лојална публика од Македонија.
Modna Kapsula: Šta moda i stil koji biramo govore o nama kao osobi?
Модна Капсула: Како модата и стилот што ги избираме зборуваат за нас како личност?
Dr Elena: Izbor onoga što nosimo mnogo govori o nama. U zavisnosti od toga kako vidimo sebe, naših stavova i principa, stil može biti oštar ili opušten, blag ili dominantan. Na primer, izbor visokih potpetica može odražavati odlučnost, dok ravna obuća često simbolizuje praktičnost i smirenost.
Д-р Елена: Изборот на тоа што го носиме многу зборува за нас. Во зависност од тоа како се гледаме себеси, нашите ставови и принципи, стилот може да биде остар или опуштен, благ или доминантен. На пример, изборот на високи потпетици може да ја одрази одлучноста, додека рамната облека често симболизира практичност и смиреност.
Modna Kapsula: Šta bi nam preporučila kada se ne osećamo najbolje zbog svakodnevnih obaveza ili problema na poslu?
Модна Капсула: Што би ни препорачале кога не се чувствуваме најдобро поради секојдневните обврски или проблеми на работа?
Dr Elena: Kada se osoba suoči s tim izazovima, preporučujem da zastane ispred ormana i uloži malo truda u kreiranju nečeg novog ili neočekivanog sa svojim izgledom. To može biti kao mala vežba koja pomaže da se fokus pomeri sa problema na nešto pozitivno.
Д-р Елена: Кога некој се соочува со тие предизвици, препорачувам да застане пред орманот и да вложи малку труд во создавање нешто ново или неочекувано со својот изглед. Тоа може да биде како мала вежба која помага да се префрли фокусот од проблемите на нешто позитивно.
Modna Kapsula: U kom smislu neočekivano? Da li je važno da ostanemo dosledni sebi u oblačenju?
Модна Капсула: Во кој смисол неочекувано? Дали е важно да останеме доследни на себе во облекувањето?
Dr Elena: Naravno. Važno je da ne idemo protiv sebe i svojih osećanja. Ponekad nas jednostavni izbori privlače, i to je u redu. Ako se ne dvoumimo, već osećamo da želimo nešto mirno, svedeno, neutralno, važno je da ostanemo dosledni sebi, ne idemo protiv sebe i biramo odevnu kombinaciju koja je u skladu sa nama u tom trenutku. Međutim, ako se dvoumimo između svetlog i tamnog, jednobojnog i veselih šara preporučujem da se odvažimo – to osvežava i inspiriše.
Д-р Елена: Секако. Важно е да не одиме против себе и своите чувства. Понекогаш едноставните избори нè привлекуваат, и тоа е во ред. Ако не се двоумиме, туку чувствуваме дека сакаме нешто мирно, сведено или неутрално, важно е да останеме доследни на себе. Меѓутоа, ако се двоумиме меѓу светло и темно, еднобојно или весели шари, препорачувам да се осмелиме – тоа освежува и инспирира.
Modna Kapsula: A ako ne želimo ili nam čak posao ne dozvoljava zbog propisanih pravila oblačenja da eksperimentišemo bojama, da li nam možeš nešto predložiti?
Модна Капсула: А ако не сакаме, или дури работата ни налага пропишани правила на облекување, како може да внесеме нешто ново?
Dr Elena: Tu bih se fokusirala na aksesoare. Kada biramo modne dodatke, čak i u trenucima kada nismo raspoloženi, oni mogu osvežiti naš duh i uneti novu energiju. Na primer, šareni šal koji ćemo nositi samo na putu do posla, neobična kapa ili ekscentrična tašna mogu napraviti veliku razliku, a opet „poštujemo“ pravila.
Д-р Елена: Во тие случаи би се фокусирала на аксесоарите. Кога избираме модни додатоци, дури и во моменти кога не сме расположени, тие можат да го освежат нашиот дух и да внесат нова енергија. На пример, шарен шал што ќе го носиме само на пат кон работа, интересна капа или необична ташна може да направат голема разлика, а сепак да ги „почитуваме“ правилата.
Modna Kapsula: U kojoj nam meri može pomoći da pratimo modne trendove makar samo aksesoarima?
Модна Капсула: Во која мера може да ни помогне следењето на модните трендови, барем преку аксесоарите?
Dr Elena: Uvek je važnije da slušamo svoja osećanja nego da slepo pratimo trendove. Moda treba da nas inspiriše da budemo najbolja verzija sebe, a ne kopija nekog trenda. Ako imate ideju ili želju za kreativnijim kombinacijama, uvek idite za tim osećajem bez obzira na to da li je u trendu ili ne. Takve odluke nas osnažuju i pomažu da izrazimo ono što zaista jesmo.
Д-р Елена: Секогаш е поважно да ги слушаме своите чувства отколку слепо да ги следиме трендовите. Модата треба да нè инспирира да бидеме најдобрата верзија од себе, а не копија на некој тренд. Ако имате идеја или желба за покреативни комбинации, секогаш одете со тој чувств, без оглед на тоа дали е во тренд или не. Таквите одлуки нè зајакнуваат и ни помагаат да го изразиме тоа што навистина сме.
Ovaj razgovor ćemo nastaviti. Svaki razgovor sa Elenom će nas podsetiti na važnost osluškivanja sopstvenih osećanja i izražavanja kroz boju, stil i detalje koji, načine koji nam pomažu da se izrazimo neverbalno i osećamo bolje.
Овој разговор ќе продолжи. Секој пат кога разговараме со Елена, таа нè потсетува на важноста на слушањето на сопствените чувства и изразувањето преку боите, стилот и деталите кои ни помагаат да се изразиме невербално и да се чувствуваме подобро.